Полицијата од Денвер го уапсила Ентони Брендон поради провала во куќа, а бил идентификуван благодарение на тетоважата на лицето. Наместо мустаќи и брада тој имал тетоважа. Сопственикот на куќата го идентификувал без поголеми проблеми.
Претставник на полицијата изјавил дека било исто како да ги оставил своите лични податоци. По описот, полицајците веднаш знаеле за кого станува збор, бидејќи претходно бил осудуван за продажба на дрога. Судијата му одредил кауција од 95 илјади долари, а бидејќи немал да плати, останал во затвор.