Еден кинески пчелар го соборил светскиот рекорд пред неколку дена кога своето тело го прекрил со повеќе од 30 килограми пчели. Си Пинг од покраината Чонгкин во Кина е голем вљубеник во пчелите, кои ги одгледува со години.

Пред неколку дена успеал да го собори рекордот по број на пчели на своето тело, така што се прекрил со 33,2 килограм од овие инсекти, што е отприлика околу 331 илјада единки. Си Пенг така го соборил рекордот од 2008 година кој го држел Руан Лиангминг од Дангси кој на себе имал 26,8 килограми пчели.