Една жена во Аризона со автомобил го прегазила сопругот бидејќи не сакал да гласа на минатонеделните претседателски избори, соопштила полицијата на оваа американска држава. Холи Соломон(28) била толку лута што нејзиниот сопруг не сакал да гласа, што го удрила со својот автомобил, нанесувајќи му сериозни повреди.
Полицијата навела дека лутата сопруга го бркала сопругот со автомобилот по паркингот, со стигнала и го соборила. Вината на несреќниот сопруг, Даниел Соломон, била во тоа што не го искористил своето граѓанско право и со тоа не се обидел да го спречи реизборот на Барак Обама, кој Холи го обвинувала за за проблемите низ кои минувало нејзиното семејство. Била уапсена и против неа било подигнато обвинение за нанесување тешки телесни повреди.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com