Мери Титли од Северен Велс ги остварила своите соништа благодарение на нејзината мајка, која и оставила како наследство десет илјади фунти. Во тестаментот и напишала следи ги своите соништа, а Мери тоа и го направила така што голем дел од сумата потрошила да ја задоволи својата страст кон чоколадото.


Таа три месеци патувала низ Европа, посетувајќи земји кои се познати по производството на чоколадо, вклучувајќи го Белгија, Швајцарија и Франција. Секој ден уживала во најфините чоколадни специјалитети, а кога патувањето завршило имала 12 килограми повеќе. Откако се вратила од патувањето заедно со сопругот отворила сопствена продавница за чоколада.