Британецот Адриан Бенет од Бредфорд се преселил во зафрленото австралиско гратче Силвертон со својата сопруга и синовите. Се заљубил во триологијата со Мел Гибсон откако еден пријател го наговорил да одат на кино да го гледаат „Лудиот Макс“ пред 28 години. Бил воодушевен од филмот.
Купил стар Форд Фалкон од колекционер во Тексас. Со брод го испратил во Англија и го претворил во реплика на автомобилот кол во филмот го возел главниот лик. По посетата на Австралија дал отказ и се преселил таму. Прво се сместил во Аделаида, а потоа купил фарма во Силверстон на почетокот на оваа година.