Синовите на богатите кинези често се расфрлаат со богатството на своите татковци и приредуваат многу екстравагандни настани, кои граничат со невкусното. Така синот на еден селски старешина во провинцијата Шанкси го „поплочил“ патот до олтарот со кинески банкноти од 100 јуани. Вкупно гледано, тој син на локалниот моќник до олтарот ставил банкноти во вредност од 230 илјади долари.

Наводно постоело и видео кое кружело по кинеските интернет страни и кое предизвикало големо негодување кај јавноста. Бесните граѓани барале објаснување, а во него стоело дека не станувало збор за вистински банкноти, туку за пишувани.