Селото Салуда во Северна Каролина со нешто повеќе од 600 жители стигнало на насловните страници на сите весници откако еден жител по сопствена желба бил погребан во својот стар автомобил. Последната желба на Лони Халовеј бил кога ќе умре со себе да го понесе и автомобилот Понтијак Каталина од 1973 година.


Како што е и ред желбата му била исполнета. По службата во црквата, пријателите, роднините и најголемиот број од жителите на селото во гепекот на автомобилот го ставиле неговото оружје бидејќи тој не сакал тоа да стигне во погрешни раце. Дигалката го спуштила автомобилот во гробот заедно со Халовеј на местото на возачот.