Кетлин Бурк, натпреварувачка во американската верзија на популарниот квиз „Тркало на среќата“ ги оставила публиката и водителот вчудоневидени понудувајќи го точното решение откако отворила само една буква, пренел американските медиуми. Таа го завртела тркалото и ја побарала буквата Л која се појавила на само едно место во шесте зборови на решението.


Го запрашала водителот дали може да даде конечен одговор. Водителот, помалку збунет, и рекол дека може. Решението било „Имам добро чувство во врска со ова“. Таа не била излажана од своето добро чувство и благодарение на него освоила одмор во Велнес вреден неколку илјади американски долари.