Сопственикот на еден индиски ресторан во градот Свонси, јужен Велс, добил во анонимно писмо упатено до локалната полиција пари за една сметка издадена пред 13 години. На анонимниот гостин очигледно го гризела совеста поради тоа што во 1996 година побегнал, не плаќајќи ја сметката, па одлучил на полицијата да и даде 60 фунти со писмено извинување до сопственикот на ресторанот.


На полицијата и требале пет месеци да го пронајде, бидејќи ресторанот во меѓувреме бил срушен, а сопственикот отворил нов 60 километри подалеку. Сопственикот изјавил дека му се заблагодарува на гостинот кој сакал да ја исправи грешката. Сметката изнесувала 11 фунти, но гостинот рекол дека внимавал на инфлацијата и затоа испратил 60.