Еден непознат човек пред Божик паркирал тенк пред барот “Four in Hand” во Манчестер. Оттогаш не се појавил, а сопствениците на барот многу се нервираат поради возилото. Наводно тенкот најпрвин го паркирал во близина на барот, но бидејќи станарите се жалеле го преместил пред самиот влез на истиот.
Претходно често го посетувал барот, но откако го паркирал тенкот повеќе не се појавил. Многу луѓе прашуваат за тенкот, а сопствениците не знаат што да прават со него. Возилото станало вистинска атракција помеѓу гостите на барот кои често се фотографираат покрај него.