Непалецот кој го освои Монт Еверст, највисокиот врв на светот, на 76 години, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар човек на кој тоа му успеало. Мин Бадахур Серчан добил официјален сертификат од Гинисовата книга и во негова чест била приредена забава на која присуствувал и премиерот на Непал.


Кога Серчан се искачил на највисокиот врв на Хималаите, во мај 2008 година, бил стар 76 години и 340 дена. Тој бил успешен уште при првиот свој обид за освојување на Монт Еверест, висок 8848 метри. Пред него рекордот го држел јапонскиот алпинист Кацусуке Јанагисава кој на Монт Еверст се искачил кога имал 71 година.