Стефен Слевин од Њу Мексико бил уапсен во 2008 година, а против него било подигнато обвинение по неколку точки и тоа: поседување украден возило, возење под дејство на алкохол, возење без возачка дозвола, поседување отворено шише алкохол во автомобилот за време на управување со истиот и нерегулирано користење на регистарски таблички. По приведувањето бил затворен во мала ќелија во округот Дона Ана каде останал две години без да биде изведен пред суд. На почетокот на оваа седмица сојузниот суд во Санта Фе досудил во негова корист и му доделил една од најголемите оштети во САД за кршење на уставните права на граѓаните во износ од 22 милиони долари.

Стефен изјавил дека чуварите и останатите вработени секој ден минувале крај него, гледајќи го како пропаѓа. тие не сториле ништо како би му помогнале. По речиси две години биле отфрлени две од петте точки на обвинението, па поради тоа бил пуштен од затвор. тој моментално бил на антидепресиви, а рекол и дека во затворот не му била достапна лекарска помош, па сам морал да си го извади забот кој го болел. Причините поради кои Стефен две години не бил изведен пред суд сеуште не се познати.