Зенг Јукуинг од Сингапур пред десет години го оставила сопругот поради десет кучиња, а до сега собрала двесте. Вели дека не жали поради одлуката која и го променила животот и поради која многу луѓе ја осудуваат.


Вели дека доколку сопругот искрено ја сакал не би ја оставил. Додала и дека кога некого искрено почитуваш го прифаќаш онаков каков што е. Сопругот еден ден и поставил ултиматум, или тој или кучињата. Зенг ги одбрала животните со кои денес живее во својата куќа. Има плата од околу 1000 долари, но таа едвај ги покрива трошоците за неа и за кучињата.