Една индиска невеста се откажала од венќавката кога се воспоставило дека нејзиниот иден сопруг не знае да собира. Таа го прашала својот несуден сопруг колку е 15 плус 6, а тој одговирл 17, по што одлучил да не се омажи за него, соопштила локалната полиција. Тој настан се случил во селото Расолобад, близу индустрискиот град Канпур, во северната индиска држава Утар Прадеш.

 

Семејството на младоженецот се обидело да ја убеди невестата да се врати, но таа одбила, наведувајќи дека ја лажел во врска со своето образование. Таткото на невестата Мохар Синг рекол дека семејството на младоженецот го сокрило податоците за образованието, потенцирајќи дека дури и дете во прво одделение знае да собира до 20. Локалната полиција посредувала помеѓу семејствата, така да тие едни на други си ги вратиле свадбените подароци и накитот кој го размениле пред самата свадба.