Даина Силинс уште од детството ги сакала животните и затоа по смртта им го оставила својот имот вреден околу 2 милиони евра. Австралиската заболекарка умрела минатата година во својот дом во Сиднеј, а нејзиното тело го пронашле дури после три дена и тоа благодарејќи на кучето на соседот.
Таа секој ден го хранела кучето, а тоа почнало очајнички да лае пред нејзината врата бидејќи никој не му отворал. Даина никогаш не се мажела и немала деца, па затоа ги хранела сите кучиња и мачки кои ќе ги сретнела. Своите пари со тестамент ги дала на трите организации кои се грижат за животните за да основаат нови прифатилишта за животните.