Еци пеци пец….ти си мали зец, а ти п о з и т и и и в е н на к о р о н АААА. Ајде изолација, бате ти, а другите дома. Немам појќе пецој да ве тестирам. И другите нејдајте утре сите. Пола дојте другата пола изолација. Е така де на ѓутуре. Е не можам јас да ви кажам. Реков немам појќе пецој. Договорете се вие кој изолација, а кој ќе шетат да ширит вирус. Ар не скокај ти не галами. Как да те пишам пецитивен на корона ко пецов рече не. Ам как мислеше, беспари ќе те пецитирам?

Абре то шо брефташ се мрсулајш ич не ме болит з`ш поточни пецој немат од овие. Види море акмак. Најсигурно е сам да се тестираш. Па вака сега….имат систем за нас Македонциве шо е бесплатен и најсигурен за да утврдиш си или не си зафатен со вирус. Едно едно седви на шоља, тотолисе и ќе сумиш ко ќе го изгубиш мирисот и вкусот. И тогаш идај. Поарно така од колку секоја вечер да чекаш некој политичар со некоја изјава да се просерават. Бар твој ќе пробаш. Ајде пали патиките и бегај.

Ексик. Ме фукнаа на ова работа и сега немат да имам време да се зафатам за проблемов со Бугарија. Поточно со Екатерина Велика…упс….Екатерина Захариева. Незнам шо ми текна да згрешам вака. Или најточно со ЕУ. Не ни прајт Каракачанов проблем туку ЕУ. И ај шо ни прајт проблем туку ја секират Ангелчето. Меркелчето.

Та колку е за нас насекирана, почнале суицидни мисли да и идат и и’ прекинало перидичното крварење. И ете летна кај Борис и ни рече дека очекува решение најскоро. Со ветвење дека немат да славиме 30 годишница како кандидати за кандидати за прием на кандидати за отпочнување на предпреговори за преговори дал ќе не примат во ЕУ.

Е сега јас решив да ѝ прам проблеми на ЕУ. Да да. Ак требит ќе одам и до Стразбур да ја истерам правдата шо ја открив денојве. Море каков Стразбур, ак требит и до Јајце. Дур до Босна. Да да. Значи….после долготрајно историско-геостратешко-политичко-гинеколошка истрага, ко шо прает Бугарите со нас, јас напрајв со Словенија и словенечкиот јазик.

Токму така. Ќе им го оспорам нивниот јазик. Да бе словонечкиот. Имам цврст доказ дека зборвет македонски јазик. Абе ко ти викам имам цврст доказ. И то мојов е по цврст, доказ, од онај на Захариева. Или да бидам појасен. Ај шо е македонски нивниот јазик туку уште поконкретно….дебрчки…или уште ептемпрепонајконкретно белчишки. Ко ти велам. Незнам дал бугаркана си го имат снимено својот доказ, ама јас мојот си го снимив.

И ак требит ќе ѝ го покажам и нејзе и на сите шо требит, а обавезно на ЕУ ќе и го покажам. Кај да е. Значи ги фатив живи словенците дека зборвет белчишки на една реклама. Не велет ЗАШТИТА туку ЗАШЧИТАУ… е то ШЧ ги издаде. А виде. Како пример, политичариШЧа, лоповоШЧа, на народот дупачиШЧА, македонски пишачиШЧа, бугариШЧа….и многу други ШЧа.

И ај сега да те видам. ТРТ.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите