Еден крадец во Велика Британија бил ослободен од затвор со кауција, а потоа повторно затворен поради физички напад, наскоро повторно ќе биде ослободен за да се погрижи за своето куче. Судот во областа Сток Он Трент се согласил да излезе во пресрет на Даниел Рини, која барала три дена слобода за да најде дом за својот бултериер.
Морал да пронајде некој кој ќе го храни и ќе се грижи за него додека тој е во затвор. Спротивно од сите очекувања, судијата дозволил да биде ослободен на три дена, а доколку не се врати неговата казна ќе биде продолжена. Според британските медиуми, Даниел Рини изразил голема благодарност до судијата за неговото разбирање.