Еден британец е ослободен од обвинение за силување бидејќи месечарел. Џејсон Џеал (37) на полноќ влегол во собата на Џена Меккејн (33), сопруга на својот пријател, кај кого бил во посета, и почнал да ја силува.
Џејсон признал дека имало секс, но бил ослободен од обвинението откако тврдел дека спиел и не бил свесен што прави, иако во минатото не било забележано ниту утврдено дека месечарел.
Силувачот е ослободен од обвиненитето пред неколку месеци, а Џена одлучила да се одрече од своето право на анонимност, и да им помогне на жените кои имале слично искуство. Веќе има подршка од членовите на парламентот и членовите на кампањата кои тврдат дека одбраната со месечарење е „надвор од памет“.