Упорниот Џеф Скот не се откажувал ниту откако го одбиле повеќе од 1.000 пати на разговорите за разни вработувања. Конечно бил на разговор на кој одлучиле да го вработат. Бил во странство па после 10 години се вратил во Англија.
Го одбивале на разни разговори за вработување, од месар до келнер. Никој не сакал да го вработи. Сепак, упорниот Џеф добил вработување како менаџер во една компанија за маркетинг.
„Не можев да верувам. После повеќе од 1.000 безуспешни обиди, конечно најдов работа. Пресреќен сум“ – рекол 42 годишниот Џеф.