Едно момче од Дартмуд било уапсено и обвинето бидејќи се обидело да силува една семејна мачка. Момчето не било именовано поради судските правила. Го уапсиле минатиот викенд, а на суд се појавил во вторникот. Го обвиниле за непотребно нанесување болка и повреда на животно. Мајката на момчето кренала паника кога ја забележала мачката со сомнителни повреди.


Ја одвела на итен ветеринарен преглед каде ветеринарите потврдиле дека се работи за сексуално малтретирање. Момчето било познато на судот поради претходни сексуални напади. Поради тоа добил шест месеци условна казна. Оваа година го чека судење за десетина обвиненија, меѓу кои има и за сексуално малтретирање. Го задржале во притвор додека почне сослушувањето на суд.