Една канаѓанка го тужела мобилниот оператор „Роџерс“ кога нејзиниот сопруг открил дека го изневерува благодарение на деталната телефонска сметка. Габриела Наџи бара 600 илјади канадски долари оштета поради загрозување на приватниот живот и кршењето на договорот.


Таа побарала од компанијата сметките да ги испраќаат на нејзино име, но тие стигнале на име на сопругот заедно со сметките за интернет и телефонска претплата. Нејзиниот сопруг забележал дека редовно повикувала одреден број. Го повикал и добил еден човек кој му рекол дека бил во врска со неговата сопруга.