Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу соседите Албанија и Македонија, помина без директен телевизиски пренос на националните македонски телевизии. Цената на преносот како што се дознаваме се движела околу 10 илјади евра, но ниту една  националнa телевизиja не се одлучи да го одврзе ќесето и на својот аудиториум да му го понуди фудбалски најдоброто од Македонија. За квази реални шоуа, средства има, но не и за македонскиот национален тим.


дел од македонската новинарска екпедиција во Корча

Неиграњето на неколкумината стандардни репрезентативци, во прв ред на Пандев не треба да биде алиби за да не се емитува директно натпреварот на националниот состав. Фудбалот во Македонија ниту започнал со Горан Пандев, ниту се игра за Горан Пандев, а “пребирливите“ македонци заслужуваат да видат дали на теренот ќе се (из)роди некој нов Пандев.


Наспроти тоа “националните“ се одлучија на најефтината варијанта, во своите вести да го превземат сигналот од албанските сателитски канали, кои за разлика од нашите ја пренесуваат својата репрезентација каде и да игра. Култот за репрезентацијата не се гради со пренесувања на мечеви само против Русија, Шпанија , Ирска, туку и против малите, Албанија, Црна Гора, …

М.П.