Амон Шеј, 37-годишник од Њујорк, го научил целиот оксфордски речник за една година. Тој секој ден по 10 часа дневно читал 22.000 страници и запамтил 59 милиони зборови. Уште од својата десетта година се занимава со проучување на разни речници.


„Понекогаш ми се чини дека не знам англиски, бидејќи за некои зборови не знам што значат“ рекол Амон.

Многумина го прашувале зошто се нафатил на ваква задача и макотрпна работа.

„Ги сакам зборовите од својата десетта година, соирам речници и впивам се што пишува во нив. Со посебно задоволство го читав оксфордскиот речник бидејќи е поинаков од другите. Ја содржи целата историја на англиските зборови и поинтересно ми е да го читам него отколку некоја книга или текст. Едноставно тоа го обожувам“ – вели Амон.