Зенг Зигуанг од Кина бил нападнат од соседите бидејќи своето куче го навлекол на цигари. Штом го купил кучето по име Блеки пред половина година, веднаш почнал да го учи да пуши, а сега кучето наводно е зависно и дневно пуши по една кутија цигари.


Вели дека го навикнал на тој начин што му дувал со чадот од цигарите во лицето. Потоа започнал да му става запалена цигара во устата и секогаш кога кучето ќе повлечело, го наградувал со храна. Процесот на учење траел еден месец. Неговите соседи се згрозени и велат дека треба да го затворат бидејќи го мачи кучето.