Еден тинејџер од Флорида тврди дека го нападнале и ограбиле четири топлес блондинки. Олмер Моралес (18) и рекол на полицијата дека нападот се случил додека се возел со велосипедот на работа. Згодна блондинка облечена во бела кошула со долги ракави и комбенезон го сопрела грабнувајќи ги рачките од  велосипедот.


 Потоа го обиколиле четири блондинки кои исто така носеле комбинезони, но без кошули и градници, и му ги украле парите, во вредност од стотина евра, што ги носел во задниот џеб од панталоните. Полицијата ја пребарала околината на местото на настанот, но за несреќа не ги нашле мистериозните блондинки.