Роберт Бигз шетал низ шумата во централно-северниот дел на Калифорнија, кога забележал мечка со две мечиња, на околу 12 метри од него. Им се приближил и ги посматрал неколку минути, а потоа се вратил назад на патеката, каде го нападнала пума, фаќајќи го во скок за неговиот ранец.
Се борел со дивата мачка и ја удрил со каменот кој го носел со себе, но таа и понатаму цврсто го држела. Потоа зад Бигс се појавила мечката, ја зграбила пумата и ја тргнала од него. Двете животни се бореле неколку секунди, по што пумата побегнала. Бигс раскажал дека на таа патека минувал веќе неколку пати и дека и претходно ја гледал мечката со нејзините мечиња, па дури и си поиграл со едно од нив. Тој бил сигурен дека токму таа мечка го спасила од пумата.