Авторот на книгата “The Shape of Her” (Нејзиниот Облик), Роуан Сомервил добил награда за најлошо опишување на секс во книга. Судиите посебно ги импресионирал делот во книгата во кој го споредува водењето љубов со инсектолог кој пронашол редок инсект.
Наградата се доделува секоја година за сирово, невкусно или бесмислено опишување на сексот во модерната литература. Сомервил победата ја поднел мошне добро изјавувајќи дека нема ништо повеќе англиско од лош секс.