Горан Папаз ја преработи една, од за него поубавите песни, од неповторливиот Тоше Проески. Папаз на публиката ја подари „Го молам ноќва небото“ која е од првиот албум на Тоше „ Некаде во ноќта“ издаден во 1999 година. Оригиналната музика е на Григор Копров, а текстот на Огнен Неделковски кои како што вели Папаз несебично дозволиле да се случи оваа преработка.

На оваа преработка, гитара свири Танче Гроздановски, кој се јавува и како продуцент на истата, а маестро Иван Еминовиќ го отсвири пијаното.

Композицијата ја разубави и ангелскиот глас на Андреа Гроздановски и ова е име за кое ќе се слуша во иднина вели Папаз.

 

OhridNews