Индиецот Паван Верма го лажирал своето киднапирање и се обидел да изнуди 40 илјади долари од својот татко. Планирал да уплати дочек за нова година во Mакао. Момчето желно за забава било уловено кога ги преземало парите во трговскиот центар во Њу Делхи.
Иако планот не му бил таков, нНовата година ќе ја дочека зад решетки. Синот на богатиот претприемач веќе должи 18 илјади долари поради својот распуштен живот. Планирал да се пресели во Макао. Ако неговиот татко ја повлече тужбата тој ќе биде ослободен.