Еден жител на Кина го лажирал сопствениот погреб, за да види колку луѓе ќе се појават да му оддадат последна почит, пренесуваат кинеските медиуми. Како што наведува “South China morning post”, 66-годишниот Жанг Дејанг приредил погреб во градот Рижао во провинцијата Шандонг.
Шегаџијата се смеел додека посматрал како присутните за време на молитвата стоеле со наведнати глави, додека тој стоел во традиционална кинеска носија за погреби, покрај масата за послужување. Дејанг повикал 50 членови од семејството, од кои се појавиле само 20, но на погребот дошле околу 100 луѓе од соседните села. Треба да се напомене и дека за организацијата на погребот потрошил 16 илјади јуани, одосно нешто повеќе од 2200 евра.