Свештеник во една црква во Норвешка, која привремено останала без вода, употребил кока-кола со вкус на лимон наместо света вода за време на крштевањето.
Свештеникот од Сторд, гратче оддалечено 240 километри од Осло морал да импровизира и да го попрска детето со газиран пијалак при крштевањето, пишува весникот Вартланд. Тој изјавил дека сокот бил изветреан, но вкусот на лимон се чувствувал во просторијата, што направило, оваа церемонија да биде несекојдневна.
Доводот на вода во црквата бил прекинат поради опасноста од пукнување на цевките од ниските температури.