Даниел Тарантола од Њу Јорк за 50 000 долари го клонирала своето куче откако умрело. Таа се обратила во една јужнокорејска компанија, единствена на светот која се занимава со клонирање на животни. Одушевена е од својата инвестиција.
-Навистина не гледам разлика помеѓу кучињата. Имаат идентични гестови и си играат исто – вели Даниел.

Раскажува дека експертите од нејзиното умрено куче зеле ДНК и така го направиле новото куче. Пред неколку месеци се јавиле да и ја соопштат добрата вест дека сурогат кучката е успешно оплодена.

Девојката вели дека нејзиното куче починало пред три години, а неговата смрт никогаш не ја преболела и навистина премногу сакала исто куче.