Бесна бидејќи машината за перење иако нова, постојано и се расипувала, британката Трејси Фокс решила да го киднапира мајсторот кој дошол да ја поправи.

Трејси (42) преживеала три недели без машина за перење, но нервите и попуштиле кога мајсторот од сервисот за одржување и рекол дека на машината “и нема спас“. Кога мајсторот и рекол дека е подобро да набави нова машина, Трејси се разбеснала и го заклучила во станот, заканувајќи му се  дека нема да го пушти додека не ја поправи.


„Немав друг избор“ – рекла во своја одбрана очајната жена која ја купила машината пред 10 месеци.

Од сервисот и рекле дека секој наредна поправка ќе мора да ја плаќа од својот џеб, иако машината се уште била под гаранција.

Ситуацијата била решена по интервенција на полицијата, а продавачот од кого Трејси ја купила машината и ветил дека ќе и ја замени со нова.