Тоби Дуфан од Исланд како домашни миленичиња чувал 300 стаорци, кои еден ден одлучил да ги напушти. Минатата недела ги оставил покрај патот. Полицијата тоа го открила, го привела а судијата му одредил 1.000 долари казна и 50 часа добротворна работа.
Човекот пред судот се изјаснил за невин, додавајќи дека ги оставил бидејќи повеќе не можеле да живеат кај него во станот, бидејќи станал татко и во станот има мало бебе. Од здружението за заштита на животни од Исланд биле разочарани од малата казна за Тоби.
Стаорците се оставени во кафези покрај пат. Откриени се неколку дена подоцна, а утврдено е дека од нив 280, 72 умреле. Другите стаорци за да се прехранат ги јаделе умрените стаорци.