Турскиот суд казнил еден човек бидејќи изговорил „тешки зборови“ кон својата сопруга. Тој за време на бракоразводната парница и рекол на сопругата дека „повеќе не ја сака“, а според турскиот апелацинен суд таа реченица претставува ни помалку ни повеќе, туку „емоционално насилство“.

 

Според локалните медиуми, човекот бил осуден на парична казна чиј износ не е прецизиран. Разводот на двајцата сега веќе поранешни сопружници протекол во напната атмосфера, со чести обострани вреѓања и напади. Жената изјавила дека многу пропатила кога слушнала како сопругот и вели дека повеќе не ја сака, надедувајќи дека оттогаш е потполно скршена.