Дека куче каснало човек и не е некоја новост, но дека човек каснал куче тоа е нешто друго. Филип Картер од Велика Британија не се сложувал најдобро со своето куче. Една вечер кучето го каснало за рака, а британецот за да му врати го каснал за носот.


Здружението за заштита на животни го одвела Филип пред суд, а го обвиниле за сурово однесување со животни. Иако кучето имало проблеми со повредата тој не го однел на ветеринар.

Британецот добил парична казна и доживотна забрана за чување на животни.