Во Лондон во четвртокот била светската премиера на филмот „Хари Потер и подароците на смртта“. Обожавателите цел дена чекале во ред пред киното во надеж дека ќе влезат и први ќе го видат новото продолжение за магионичарот кој не се плаши од ништо. Некои се облекле како ликови од филмот, а забавата одлучил да им ја расипе еден минувач на кој нивното чекање не му се допаднало.


Тој го извадил својот полов орган и мавтал пред нив обидувајќи се да ги уплаши и да ги избрка, но не успеал во својата намера. Набрзо откако започнал со својата претстава се појавиле полицајците, му ставиле лисици и го уапсиле. Го ставиле во полициски автомобил и го однеле далеку од киното каде била премиерата на филмот.