СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од селото Мешеишта-општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“.
Тој, во текот на оваа и мината година, на лице од Охрид му ветувал дека може да му обезбеди виза за САД и доведувајќи го во заблуда, во два наврати побарал и добил сума од 2000 американски долари. – соопшти СВР Охрид.
Вчера попладне околу 14.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека се случил пожар во работилница лоцирана на улицата „ЈНА“, сопственост на жител на Струга. Во пожарот, во кој е придизвикана материјална штета, нема повредени лица.
Поради неовластено снимање на полициски службеници при преземање службени мерки, вчера околу 13 часот, приведено е 37-годишно лице од струшкото село Подгорци.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
OhridNews
Педесеттина казни за неносење маска во регионот на СВР Охрид