Врвниот шаховски мајстор Владислав Ткачиев, кој настапува под боите на Франција бил избркан од еден турнир во Индија бидејќи кога пристигнал бил под дејство на алкохол. Тој често задремувал кога размислувал за своите потези. Другите играчи се обидувале да го разбудат, но на крајот го изнесле од собата.


Официјалните лица заклучиле дека не е во состојба да продолжи со играта, а неговиот противник бил прогласен за победник. Еден од организаторите изјавил дека ова е лоша реклама за турнирот и најавил санкции против Ткачиев. Неговиот противник одбил да го коментира случајот.