Обожавателот на „Војна на Ѕвездите“, Лук Кеј, успеал на своето тело да стави дури 14 тетоважи од ликовите на таа филмска серија. Пред пет години ја направил првата тетоважа и оттогаш не запрел. Рекол дека не е ни приближно готов со тетовирањето. Со сликите ги прекрил грбот, рацете и нозете.
Во салон за тетовирање поминал повеќе од 100 часа за уметниците да му го насликаат телото. Вели дека долги години бил колекционер на ликови од серијата и тоа сакал некако да го овековечи. Неговата девојка не е фан на серијата, но има разбирање за неговите тетоважи. Тој изјавил дека колекцијата е неговото животно дело.