Дејвид Џонатан Винкелман од Ајова на локалната радио станица КОРБ слушнал понуда на диџејот дека ќе платат шестоцифрена сума пари на оној кој на челото ќе го истетовира логото на радиото. Вилкеман и неговиот посинок Рчард веднаш отишле во првото студио за тетовирање. Со направените тетоважи отишле во радио станицата да ја земат наградата.
Изненадениот ди џеј морал да им објасни дека се било шега и дена не очекувал дека некој ќе биде толку луд да направи такво нешто. Парите не ни планирал да ги исплати. Винкелман ја тужел станицата, но подоцна кога видел дека нема да има корист се откажал.