На паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Струга, вчера, во 14 часот, нарушен бил јавниот ред и мир со насилство извршено од неколку лица врз 27-годишно лице од струшкото село Заграчани, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Полициската станица презема мерки за идентификација на учесниците во насилството кои, подоцна извршиле и оштетување на патнички автомобил, сопственост на оштетениот.
OhridNews