Една жителка на Австралија го искршила такси автомобилот откако таксистот ја одбил нејзината понуда за секс. Таксистот Дин од Дарвин на северната територија на Австралија бил верен и не сакал да ја изневери идната сопруга.


Кога на жената и рекол дека не е заинтересиран таа му побарала цигара. И рекол дека нема и ја замолил да излезе од автомобилот. Почнала да пцуе, ја треснала вратата и потоа почнала со нога да мава по автомобилот. На улицата нашла шише кое го фрлила кон таксито и го скршила прозорецот. Полицијата брзо ја уапсила. Ја обвинуваат за навредување и уништување туѓ имот.