Ретки се возачите кои ќе го ризикуваат својот миленик на четири тркала како би го спасиле животот на некое шумско суштество кое се нашло на патот. Еден од нив е и германскиот бизнисмен Јоерг Дечер.

Тој кога се враќал од работа на патот воочил мал еж, па го свртел воланот како не би го прегазил, по што се излизгал на водената улица и удрил во заштитната ограда. И возачот и ежот минале неповредени, што не може да се каже за скапоценото ферари на Дечер, на кое била причинета огромна материјална штета.