Полицијата од Небраска привела жена која излегувајќи од паркингот пред својата куќа со автомобилот направила повеќе судари. Прво удрила во оградата од својата куќа враќајќи назад. Потоа удрила во столб од електричната мрежа, за на крај да влезе во тревникот и да удри во куќа.


Вкупната штета била околу 26 000 долари, а локалната полиција ја привела под сомневање дека била во алкохолизирана состојба. Меѓуто бидејќи се работи за САД, 58-годишната жена е пуштена со кауција се додека не се докаже дали била пијана или само лош возач.