Една кинескиња се онесвестила откако случајно го голтнала својот веренички прстен скриен во торта. Вереникот кој бил инспириран од љубовни романтични филмови и спремил изненадување на својата идна сопруга. Но, во животот не оди се баш како во филмовите.
-Замислував изненадување измешано со среќа на нејзиното лице. Дури и солзи радосници. – изјавил тажно.
Наместо воодушевување, неговата девојка ја загубила свеста кога го видела Чен како се спрема да клекне.
-Сфатив дека штотуку проголтав прстен со тортата и потоа на ништо не се сеќавам-изјавила.
Чен повикал брза помош. Веднаш ја одвезле во болница каде докторите со катетер го извадиле прстенот од стомакот. Кога се разбудила рекла ДА.