Британските цариници на аеродромот Гетвик во Лондон се запрепастиле кога го отвориле багажот на еден патник во кој имало 94 килограми исушени гасеници. Како што пренеле агенциите, сопственикот на багажот, кој допатувал од Буркина Фасо преку Истанбул, изјавил дека гасениците биле за лична исхрана.

Инсектите се вообичаена храна во многу земји од Африка, Азија и Јужна Америка, но нивното внесување во Велика Британија е забрането на основа на законот за увоз на производи од животинско потекло. Гасениците, кои биле замотани во целофан и спакувани во четири вреќи, биле одземени и ќе бидат уништени, а патникот бил пуштен со опомена.