Несреќниот крадец најпрво сакал да земе пари, но бидејќи не знаел како да ја отвори касата, се задоволил со чипс.
Полицајците воопшто не морале да се мачат за да го фатат крадецот кој од ресторатот Сабвеј украл девет кесички чипс. Се што требало е да ги следат крцкавите компирчиња и празните кесички кои невнимателниот крадец ги оставал зад себе.
Крадецот бил најден со исеченици на рацете и нозете бидејќи ја скршил вратата за да влезе во ресторанот.