Домарот на еден стамбен комплекс во Фиренца успал да спречи крадец во обид да украде бакарни жици, а потоа повикал полиција да го уапси, за само еден ден подоцна да му помуди работа. Паоло Педроти, домарот на комплексот, се запрашал каков е тој крадец кој во автомобилот на сопругата оди во кражба вредна 60 евра. Полицијата го уапсила во понеделник, а уште наредниот ден кога открил дека е невработен и дека живее од инвалидската пензија на сопругата домарот му нашол работа. 

Оваа приказна ја презентирале речиси сите италијански медиуми, во моментот кога земјата минува низ една од најлошите рецесии уште од Втората светска војна, со незапамтена висока стапка на невработеност. Педроти му понудил на крадецот работа на одржувае на тревници и чистење на станови за плата од осум евра на час. Својата порака ја започнал со зборовите „Драг крадецу“, а ка завршил со „Те чекам, а и добро ја знаеш адресата“. Крадецот, се разбира, веднаш ја прифатил работата. Се исповедал дека крадел бакар како би изработувал свеќници и би ги продавал од врата до врата.