Бидејќи поради работните обврски често се испраќаат и дочекуваат на аеродромите, Робин Мур овој пат го дочекала свршеникот во венчаница и со свештеник.
Меѓународниот аеродром Корпус Кристи во Тексас во понеделникот бил преплавен со фотоапарати и камери поради изненадувањето кое Робин му го подготвила на својот свршеник Вилијам Акости, дочекувајќи го во венчаница и со свештеник.
Акоста облечен во фармерки и блуза останал шокиран кога излегол од авионот со кој пристигнал во Охајо. Робин изјавила дека таа и свршеникот ја поминале половината од својата двегодишна врска на аеродромите, а дозвола за брак извадиле пред една недела, планирајќи венчавка во текот на месецот.
Откако ги размениле брачните ветувања, се фотографирале покрај елката крај контролната точка на аеродромот.